„Моќта на учењето претприемништво- инспирација и чекор до успехот “ – PEEISS

Објавено во ПРОЕКТИ
Понеделник, 07 Март 2016 19:09
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Започна да се реализира проектот „Моќта на учењето претприемништво- инспирација и чекор до успехот “ – PEEISS, чиј носител е економското училиште „Јовче Тесличков“ од Велес . Од 3-5 март во Велес се одржа транснационалната средба меѓу партнерските земји Македонија, Финска Словенија и Австрија на која присуствуваа претставници од сите земји, наставници и ученици од училиштето домаќин како и советничката на струката Елизабета Ј. Радановиќ.

На средбата беше договорена реализацијата на проектните активности преку мобилности, работилници и интелектуални аутпути ,нивно споделување и дисеминација преку веб платформата на проектот за период од 2 години.Гостите имаа можност да реализираат културолошка разгледница во Велес и Скопје.Благодарни сме за соработката со нашите партнери кои се докажани експерти во областа Учење претприемништво што ни претставува посебно задоволство и предизвик.Благодарност до Националната Агенција за европски програми и мобилност на Р. Македонија што ни го овозможи ваквиот проект.

Во прилог можете целосно да го проследите обраќањето на директорката Нада Јованова.

Прочитано 2798 пати Последен пат изменето на Понеделник, 07 Март 2016 19:35

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 18 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com

JSN Solid is designed by JoomlaShine.com