Саем на бизнис и претприемништво

Објавено во НОВОСТИ
Петок, 13 Мај 2016 07:45
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Во ОСУ „Јовче Тесличков“ во Велес на 11.05.2016 год. се одржа традиционалниот Саем на бизнис и претприемништво.

Фирми за здрава храна, хотел, продажба на козметички производи. Во такви виртуелни компании работат учениците од ОСУ „Јовче Тесличков“. На Саем за бизнис и претприемништво ги презентираа услугите кои ги нудат нивните компании.

Оваа манифестација традиционално секоја година се одржува во нашето училиште. Тоа е убава можност учениците практично да покажат што научиле.

„Горди сме на фактот што нашите ученици се способни самите да креират бизнис и маркетинг стратегија во фирмите, но и да ги продават нивните производи и да дебатираат за економијата.Тоа е суштината на нашето училиште, стеклнување на способности еден ден навистина да се појават подготвени за пазарот на труд“, рече  Нада Јованова директор на ОСУ „Јовче Тесличков“.

Во процесот на континуирано подобрување на уловите во кои се образуваат идните економисти активно е вклучена и локалната самоуправа.

„Овие виртуелни компании на младоста се всушност практична примена и проверка на научното знаење што го стекнавте во вашето училиште и проба пред директниот судир во реалниот свет каде што вистински бизнисот и прептприемништвото се многу важна и водечка сила“, рече Петре Саздов, Општина Велес.

Освен саемската манифестација,  училиштето ги претстави и образавните профили кои ги нуди, проектите кои се работат и достигнувањата во програмата Еразмус плус

 

Прочитано 2156 пати Последен пат изменето на Петок, 13 Мај 2016 07:46

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 223 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com

JSN Solid is designed by JoomlaShine.com