Љубовна чајанка 2016

Објавено во НОВОСТИ
Четврток, 11 Февруари 2016 09:09
Оценете ја оваа вест
(1 Гласај)

Активот за странски јазици и општествена група предмети при ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес, по повод „Св. Валентин“, празникот на вљубените, објави литературен конкурс на македонски јазик и на странски јазици на тема:

„Љубов, гордост, предрасуди.....“- за учениците кои ќе пишуваат на македонски јазик;

“Love, pride, prejudice…..”-за учениците кои ќе пишуваат на англиски јазик;

„Любовь, гордось, предрассудок.....“- за учениците кои ќе пишуваат на руски јазик;

“Liebe, Stolz, Vorurteil…..”-за учениците кои ќе пишуваат на германски јазик;

“Amour, fierté, préjugés…..“- за учениците кои ќе пишуваат на француски јазик.

Конкурсот е наменет за ученици од деветто одделение од основните училишта во градот и околината. Сите ученици кои ќе учествуваат на конкурсот со свои творби ги покануваме да дојдат во нашето училиште на 12.02.2016, Петок, 11:00 часот, заедно со своите наставници ментори и нивни соученици кои сакаат да присуствуваат, на една заедничка средба „Љубовна чајанка“.

Со цел да се прослави празникот Св. Валентин- Ден на вљубените, нашето училиште ОСУ „Јовче Тесличков“ трета година по ред ќе организира свечена манифестација „Љубовна чајанка“.

Во склоп на програмата, покрај доделување на награди и сертификати за учество на сите ученици кои испратиле своја творба до нашето училиште, присутните ќе можат да уживаат во драмската изведба на познатото литературно дело „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин, во изведба на ученици од нашето училиште.

 

Прочитано 1812 пати Последен пат изменето на Четврток, 11 Февруари 2016 09:15

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 231 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com

JSN Solid is designed by JoomlaShine.com