Саем на бизнис и претприемништво во ОСУ Јовче Тесличков. Учениците пред присутните покажаа што работеле во виртуелните компании. На тој начин многу подобро се подготвуваат за да излезат на пазарот на трудот. Во популарно наречените тренинг фирми учениците работат голем дел од учебната година. Токму таму го стекнуваат и практичното искуство во текот на своето образование.
„Виртуелните училишни компании се основани од учениците. Тие во нив учат како да регистрираат фирма, да изберат менаџер, ја спроведуваат постапката на вработување со тоа што пријавуваат вработени. Тргуваат по електронски пат со останати вуртуелни фирми и секако склучуваат договори“, рече Нада Јованова директор на СОУ „Јовче Тесличков“ Велес.
Саемот на бизнис и претприемништво се одржува по седми пат. Училиштето ја користи можноста на овој ден да им го претстави образовниот процес на осмоодделенците кои доаѓаат но и да ги привлечат тоа да биде нивната следна дестинација.
„Начинот на работење на ова училиште потврдува дека сме на прав пат, конкретно од економската и бизнис струка,затоа што тоа е сегментот што ја води општината во позитивна насока“, рече Славчо Чадиев градоначалник на општина Велес.
На семот присутни беа претставници на банките, Општината, останатите училишта и институции во градот.
УК ЕСО-Company
Раководител:
Нада Јованова
УК Tim Net Trade
Раководител:
Маја Талеска
УК Gold Time Company
Раководител:
Каролина Манаскова
УК “АНДИАМО ТРАВЕЛ”
раководител:
Радмила Андовска
УК “DIONIS WINERY”
Раководител:
Снежа Петрушева
УК „МАК ТРЕНД“
Раководител:
Ирена Станчева
УК „ ЈТ ТЕКС “ ДОО
Rаководител:
проф. Елица Илиевска
ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.
Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: [email protected]