Завршна конференција на PEEISS проектот

Објавено во ПРОЕКТИ
Четврток, 02 Ноември 2017 19:38
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

На 05.10.2017 во Бутик винарија „Шато Сопот“ – Велес се одржа завршната конференција на PEEISS проектот – „Моќта на претприемничкото образование – инспирација и чекор до успехот“, финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија.

На овој настан беа присутни претставници на партнерите на PEEISS проектот од Јаваскула Колеџот од Јаваскула, Финска и Економска шола Ново Место од Словенија, вработените во ОСУ „Јовче Тесличков“, претставници од локалната заедница и бизнис секторот, како и претставници од другите образовни институции на Велес.

Нашето училиште како координатор на проектот го организираше овој настан со цел да ги презентира придобивките од проектот, заедно со интелектуалните аутпути кои ќе бидат достапни до пошироката заедница преку официјалната веб страна на PEEISS проектот.

Со овој настан се заокружи двегодишната соработка помеѓу партнерите на проектот и се направи ретроспектива на сите настани, мобилности и интелектуални аутпути кои произлегоа како крајни резултати на PEEISS проектот.

 

Прочитано 621 пати Последен пат изменето на Четврток, 02 Ноември 2017 19:42

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 10 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com