Кариерно советување - мастер час на иднината

Објавено во ПРОЕКТИ
Понеделник, 09 Октомври 2017 10:49
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Мобилност од областа на кариерното советување за наставници и стручна служба во Палермо, Италија, организирана од страна на едукативен тренинг центар ДОРЕА од Кипар како дел од Еразмус+ проектот ,,Кариерно советување - мастер час на иднината" од клучна акција 101 одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Наставниците беа дел од тренинг работилници на тема "Кариерно советување - мастер час на иднината" од 25.09.2017 до 29.09.2017 во Палермо, Италија. 

Оваа обука е насочена кон усовршување на способностите на кариерните советници и стручната служба на училиштето со цел правилно насочување и подготвување на учениците за пазарот на труд, намалување на бројот на ученици кои не го завршуваат средното образование и подобрување на редовноста и успехот на учениците во училиштето.

Обуката ја следеа и успешно ја завршија наставникот Мими Дончова, психологот Милица Ристовска Темелковска и директорот на училиштето Нада Јованова. 

 

Прочитано 572 пати Последен пат изменето на Понеделник, 09 Октомври 2017 10:50

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 37 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com