Самитот за Претприемништво во Виена предизвик за глобалниот развој на образовниот процес

Објавено во ПРОЕКТИ
Понеделник, 05 Декември 2016 09:48
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Meѓународниот партнерски проект PEEISS чиј носител е ОСУ,,Јовче Тесличков” од Велес заедно со своите партнерски организации: образовниот конзорциум ,,Јаваскула,” од Финска и економската школа од Ново Место, Словенија, беа дел од Самитот за Претприемништво во организација на партнер- домаќинот ,,ИФТЕ“ од Виена, Австрија .

Самитот претставува заокружување на настаните кои се одржуваат во неделата на глобалното претприемништво во Австрија каде се нуди можност да се запознаат и инспирираат луѓето за подобра имлементација на своите идеи или да запознаат многу други идеи работејќи во пленум или на околу 30 работилници со 100 експерти, при тоа земајќи ги во предвид следниве одржливи развојни цели:

Настанот SMART Brunch ни понуди можност во атмосфера на појадок да оствариме конверзација со двајца познати претприемачи: маркетинг консултант и инжинер астронаут, кој се залага за достава на органи низ болниците во Виена со помош на дронови.

Партнерите за време на Самитот учествуваа на работилницата за Претприемничко образование каде беа домаќини на сесијата на тема ,, Важноста на меѓународното претприемничко образование“.

Учесниците исто така имаа можност за прошетка со водич заради разгледување на претприемничкиот развој на Виена низ времето.

Исто така, сите партнери земаа активно учество на работилницата ,,Разбирањето на бизнис културата помеѓу меѓународните компании“.

Уште една работилница на која PEEISS зеде учество беше дебатата на тема ,, Дали секој треба да земе слободна година со обврска да го подобри светот?“. Темата беше дефинирана заеднички преку скајп врска со колеги од Холандија.

За време на престојот PEEISS ја одржа и својата годишна конференција на која беше направена ретроспектива и перспектива за работењето на проект

 

Прочитано 651 пати Последен пат изменето на Понеделник, 05 Декември 2016 09:54

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 16 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com