MОЌТА НА ПРЕТПРИЕМНИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ – ИНСПИРАЦИЈА И ЧЕКОР ДО УСПЕХОТ

Објавено во ПРОЕКТИ
Четврток, 03 Ноември 2016 00:37
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОСУ „Јовче Тесличков“ во рамките на програмата Еразмус+, е во фаза на реализација на проектот:

“MОЌТА НА ПРЕТПРИЕМНИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ – ИНСПИРАЦИЈА И ЧЕКОР ДО УСПЕХОТ”, („POWER OF ENTREPRENEURIAL EDUCATION - INSPIRATION AND STEP TO SUCCESS – PEEISS“).

Носител на проектот е ОСУ “Јовче Тесличков” - Велес, Р.Македонија Времетраење на проектот е 24 месеци, д 01-12-2015 до 01-12-2017.

Партнери во проектот се:  

• Ekonomska šola Novo mesto, Ul.Talceb 3A, Novo Mesto, Slovenia;  
• VEREIN INITIATIVE FUR TEACHING ENTREPRENEURSHIP-UNTERNEHMERISCHE HALTUNGEN WECKEN, FORDERN, STARKEN (ABKURZUNG IFTE), Erdbergstraße 10/57, Vien, Austria
• (Асоцијација за иницијатива за настава претприемништво и претприемачко однесување –IFTE, Виена, Австрија);
• Jyväskylän koulutuskuntayhtymä, Str. Viitaniementie, Jyväskylä Finland.  
(Образовен центар за средно стручно образование, Јаваскула, Финска).


Како последна активност спроведена во рамките на овој проект е учеството на шест ученика заедно со еден наставник и директорот на нашето училиште на мобилност во Ново Место, Р.Словенија, со цел спроведување на обуки за ученици на тема:

- Учење претприемништво преку развој на претприемничкото размислување   и развивање н a меки вештини (soft skills).

На обуките кои се реализираа во рамките на инкубаторот за прептриемништво Подбрезник, Ново Место, освен ученици од нашето училиште, учествуваа и ученици од другите партнерски организации, поточно ученици од Образовниот центар за средно стручно образование, Јаваскула, Финска и суденти од Економската Виша школа Ново Место. Сите заедно имаа можност да работат и да ги развивиаат своите претриемнички вештини, а истовремено да се запознаат меѓусебно, да се дружат и да научат повеќе за културите на секоја од новните земји.

 

Прочитано 816 пати Последен пат изменето на Четврток, 03 Ноември 2016 00:39

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 17 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com