PEEISS

Објавено во ПРОЕКТИ
Недела, 29 Мај 2016 21:12
Оценете ја оваа вест
(1 Гласај)

PEEISS проектот на кој носител е ОСУ,,Јовче Тесличков,,од Велес продолжува да се реализира. Нашата следна тема е ЕКВЕТ –кредит трансфер системот во средното стручно образование во функција на учењето претприемништво преку создавање универзални вредности ,знаења и компетенции . Домаќин на мобилноста беше Финска во која егзистира еден од најсовремените образовни системи, кој нуди знање стекнати преку учење базирано на работа во сите негови форми.

Партнерските земји Финска, Македонија , Словенија и Австрија ги согледаа потенцијалните бенефити од имплементација на ЕКВЕТ.

За време на посетата имавме можност да присуствуваме на Националниот натпревар на стекнати знаења и компетенции во кој очигледно се препознаваше квалитетот на образованието во Финска. Исто така беа организирани работилници во колеџот Јаваскула во три кампуси како посебни оддели на стручно образование, старт ап центри и други партнерски организации.

За време на посетата присуствувавме на конференција во која беа опфатени повеќе теми за ЕКВЕТ ,меѓу кои ,, Зајакнување на компетенциите базирано на Финскиот образовен пристап – како ние тоа го правиме,, и ,,Високиот квалитет на стручни компетенции за 21 век,,. На конференцијата учество зедоа учесници од 26 земји и високи претставници на Министерството за образование на Финска.

Оваа тема ќе резултира со изработка на интелектуален аутпут во кој преку истражувања , прикажување на образовни концепти и идеи за реализација на ЕКВЕТ системот проектот PEEISS ќе даде придонес за ЕКВЕТ да стане реалност како заеднички Европски концепт на образование.

 

Прочитано 1190 пати Последен пат изменето на Недела, 29 Мај 2016 21:14

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 12 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com