Патронен празник

Објавено во ПАТРОН
Понеделник, 20 Ноември 2017 23:55
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

По повод 57-миот патронен празник на нашето училиште „ОСУ Јовче Тесличков“,на 31 октомври со почеток од 18.00 часот беше оддржана свечена манифестација во просториите на новиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

Свечената манифестација содржеше неколку точки и тоа рецитал од македонски познати поети како Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Блаже Конески, Гане Тодоровски и други, во изведба од учениците Симона Маџарова, Ѓоре Ѓошевски, Пале Наковска и Андријан Ѓорѓиев.

Паралелно во изведбата на рециталот, претставена беше и балетска изведба во која со своја кореографија се претставија ученичките Кристина Кочова и Сара Јовановска.

Во продолжение имаше краток станд уп настап и вовед во темата од страна на водителот Александар Милошевиќ, а после тоа следуваше претставата насловена„Модерните печалбари“ инспирирана од животот на денешната младина и нивниот печалбарски живот. Во претставата учествуваа 10 ученици и тоа – Мартин Мазнев, Дарко Есенчев, Мартина Переска, Тина Божинова, Величе Јолески, Ѓоргина Славевска, Александар Теовски, Бошко Андовски, Леон Кочов и Андријан Ѓоргиев.

Целата манифестација беше подготвена и организирана од страна професорите по македонски јазик и тоа професорката Жаклина Зафирчева, професорката Елизабета Циунова и професорот Марјан Пракицов.       

 

Прочитано 724 пати Последен пат изменето на Понеделник, 20 Ноември 2017 23:59

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 18 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com