Активности по повод патрониот празник на Училиштето

Објавено во ПАТРОН
Четврток, 03 Ноември 2016 00:42
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Во рамките на одбележувањето на Патрониот празник на Училиштето традиционално и оваа година на 26 октомври се спроведе крводарителска акција. Акцијата беше наменета за учениците кои имаат полни осумнаесет години односно учениците кои имаат седумнаесет години и шест месеци а имаат потпишана согласност од родител за дарување на крв. За акцијата да биде успешна свој придонес имаа и вработените во училиштето. На крводарителската акција вкупно беа собрани 29 единици крв.

На 02 ноември во салата „Бели Мугри“ ќе се одржи културна манифестација на која главни актери ќе бидат учениците. Тие по повод Патрониот празник подготвија драмска претстава под наслов „Стрип Шекспир“. Учениците за време на подготовките беа менторирани од наставниците по македонски јазик Жаклина Ивановска Зафирчева и Елизабета Циунова .

На 04 ноември за учениците од прва до четврта година се организира училишна забава во салата „На Велешко“. Присуството на забавата е доброволно, а заинтересираноста од страна на учениците е голема. На училишната забава секако присуствуваа класните раководители, предметните наставници, директорката и психологот.

 

Прочитано 680 пати Последен пат изменето на Четврток, 03 Ноември 2016 00:44

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 36 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com