Камп на иновации

Објавено во НОВОСТИ
Недела, 01 Декември 2019 07:36
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

На 26 ноември 2019 година се одржа Кампот на иновации – натпревар на средношколци во претприемачки вештини во организација на Џуниор ачивмент Македонија во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

На натпреварот учествуваа 13 средни училишта и се натпреварува 52 средношколци со поддршка од 13 ментори наставници од Велес, Тетово, Македонски Брод, Кочани, Свети Николе, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Скопје.

Во текот на натпреварот учениците работеа во тимови, со пристап до интернет и технологија искористувајќи го своето знаење и применувајќи претприемачки вештини, а со цел да најдат иновативни одговори за зададениот предизвик.

Нашето училиште го претставуваа учениците:

Ивона Силева – III в клас, Христијан Петровски – III г клас, Александра Стевановиќ – III г клас и Магдалена Ѓорѓиева – IV а клас, под менторство на наставниците Радмила Андовска и Васко Трајковски.

Тимот ученици во кој беше дел и нашиот ученик Христијан Петровски го освои 3-то место.

Честитки!!!

Прочитано 328 пати Последен пат изменето на Недела, 01 Декември 2019 07:47

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 39 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: [email protected]

JSN Solid is designed by JoomlaShine.com