Патронен празник

Објавено во НОВОСТИ
Понеделник, 28 Октомври 2019 10:30
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОСУ,,Јовче Тесличков,,Велес го прославува својот Патронен празник.Делегација на училиштето положи свежо цвеќе на Спомен костурница на патронот Јовче Тесличков.Дел од активностите беше одржаната трибина на тема,,Трговија и комерцијално работење,,што ја одржа г-дин Зоран Страхилов,комерцијален референт во,,Брако,, Велес и поранешен наш ученик.На трибината учествуваа наши ученици и професори и истата побуди голем интерес кај учениците кои поставуваа прашања од темата.

Во училиштето успешно се организира крводарителска акција спроведена од ,,Црвениот крст,,.Истата предизвика голем интерес кај учениците и вработените,кои несебично дарувајќи крв,ја покажаа својата хуманост на дело

По повод патрониот празник на училиштето, се одржаа спортски натпревари.Во фудбал меѓукласни натпревари,а во баскет меѓу училишни натпревари со ученици од ССОУ,,Димитрија Чуповски,,Организатори на спортските активности беа професорите по спорт Ангел Љутков и Златко Гуцев

По повод Европскиот ден на граѓанска правда,25-ти Октомври,Основниот суд Велес организираше отворен ден,на кој присуствуваа наши ученици од четврта година, заедно со директорката и професорите Васко Трајковски и Тодорка Маџарова.
Учениците беа примени од од В.Д.Претседателот на судот, Претседателите на граѓанскиот и кривичниот судски оддел и Судскиот администратор.
На учениците им беше овозможено да присуствуваат на судење во кривична постапка, а потоа и да земат учество во улога на судија, судии-поротници, обвинител, оштетен, обвинет и сл.

.Активностите продолжуваат и во наредните денови

Прочитано 330 пати Последен пат изменето на Понеделник, 28 Октомври 2019 10:41

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 70 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: [email protected]

JSN Solid is designed by JoomlaShine.com