РИНГОБИТ

Објавено во НОВОСТИ
Понеделник, 01 Јули 2019 17:10
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

„РИНГОБИТ“ ....и математиката може да биде забавна

Реализиран проект на ученици од нашето училиште

Tимот UnicaSpera од ОСУ,,Јовче Тесличков“ Велес, составен од учениците Анастасија Андовска, Симона Андовска, Мартина Стојкова, Аријан Амзи, Сара Ѓорѓиевска под менторство на професор Радмила Андовска успешно реализираше проект, при кој на училишта, градинки и здруженија од земјава им се донираше производот кои што сами го креираа.

Тимот е добитник на награда од UPSHIFT програмата за социјално претприемништво во организација на CEED Hub Скопје, со поддршка на УНИЦЕФ, Министерството за образование, Бирото за развој на образование и Фондот за иновации и технолошки развој, со финансиска и тримесечна менторска поддршка за реализација на својата социјална бизнис идеја.

На натпреварот овој тим се претстави со својот иновативен производ „РИНГОБИТ“, едукативно помагало т.е игра за совладување на основните математички операции: собирање и одземање. Производот нуди сосема нов концепт на учење математика преку игра, забавен е и лесен за користење. Го поедноставува процесот на учење и помага полесно да се надминат когнитивните потешкотии при изучување на основни аритметички вештини. Наменет е за ученици со посебни образовни потреби, помали деца, ученици со потешкотии во учењето, ученици со акалкулија и дискалкулија. Според експертите, со користењето на Рингобит се јавува подобрување на сите аспекти на когнитивниот развој: внимание, помнење, логичко размислување, имагинација. Истовремено Рингобит влијае во правец на поттикнување на сензомоторниот развој, подобрување на меморија, координација, фина моторика и координацијата раце-очи.

Од арил па се до крајот јуни, тимот UnicaSpera работеше на овој значаен проект, се изработија производите, се направи промотивен материјал и на крај тие организираа и реализираа презентации и работилници во повеќе училишта, градинки и здруженија, каде ги донираа направените прозводи. Преку нив, присутните деца, наставници, родители, дефектолози, можеа да видат како се користи Рингобит и кои се придобивките од неговото користење.

Рингобит сега ќе можат да го користат повеќе институции како ООУ „Кирил и Методиј“ – Велес, ООУ „Методи Митевски Брицо„ с.Лозово, Св. Николе, ООУ „Благој Кирков“ – Велес, ООУ „Блаже Конески“ – Велес, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес, ООУ „Васил Главинов“ – Велес, ОУ „Рајко Жинзифов“ – с.Оризари, ПОУ „Др Златан Стремец“- Скопје, ПОУ „Иднина“ Скопје, Здружение „Дајте ни крилја“ Скопје, Здружение на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ Струмица, Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес, и ОУ „Даме Груев“ -Градско заедно со градинката и сензорната градина, ООУ „ Тодор Јанев “ Чашка, Завод за рехабилитација „Кочо Рацин“ Битола.

Учениците се пресреќни што нивниот сон стана реалност, што од нивната идеја произлезе иновативен и функционален производ со кој може да им се помогне на многу деца кои имаат проблем при учење математика. Среќата е уште поголема што на работилниците и презентациите интересот за Рингобит од страна на децата беше огромен, тие се забавуваа, играа и учеа - а ние им докажавме дека и математиката може да биде забавна и да се научи.

Бескрајно сме благодарни на UPSHIFT што ни овозможи да бидеме виножито во нечиј облак!!!

Прочитано 187 пати Последен пат изменето на Понеделник, 01 Јули 2019 17:23

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 121 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com