МАССУМ

Објавено во НОВОСТИ
Понеделник, 15 Април 2019 18:31
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

На 12 и 13 Април 2019 година СОУ „Мирко Милески“ од Кичево беше домаќин на Образовно рандеву (МАССУМ) 2019 година, во организација на Младинската Асоцијација на средни стручни училишта во Македонија. Во двата дена учениците од стручните училишта се натпреваруваа во повеќе категории, преку кои ги презентираа своите вештини во комуникација, тимска работа, напредно лидерство, организирање на активности, како и подигнување на свеста за глобалното значење на демократијата и нејзин придонес во општеството.

Учениците при ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес заедно со своите наставници – ментори учествуваа во натпреварите, при што ги постигнаа следните резултати:

-       ПРВО место (ЗЛАТЕН МЕДАЛ) во категорија Најдобар штанд:

Ученици: Аријан Амзи, Пале Наковска, Ненад Драскачев, Анета Петровска и Стефани Мурџева, под менторство на наставниците: Васко Трајковски и Виолета Галева;

-       ВТОРО место (СРЕБРЕН МЕДАЛ) во категорија Најдобра видео реклама:

Ученици: Теа Иванова, Меги Пеева, Симона Андовска, Мартина Стојкова и Анастасија Андовска под менторство на наставниците: Радмила Андовска и Каролина Манаскова;

-       ТРЕТО место (БРОНЗЕН МЕДАЛ) во категорија Интервју за работа на англиски јазик:

Ученик: Симона Андоска, под менсторство на наставник Симона Јаневска.

Честитки за учениците и нивните ментори за освоените награди, како и голема благодарност и пофалници до останатите ученици кои земаа учество во натпреварувањето во останатите категории.

Прочитано 93 пати Последен пат изменето на Понеделник, 15 Април 2019 18:39

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 14 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com