Испечатете ја страната

Upshift работилница

Објавено во НОВОСТИ
Понеделник, 25 Март 2019 17:11
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Тимот на UnicaSpera од ОСУ,,Јовче Тесличков,,Велес повторно победник! Составен од учениците Мартина Стојкова, Аријан Амзи, Сара Ѓорѓиевска, Анастасија Андовска, Симона Андовска и професор Радмила Андовска, учествуваше на 3- дневна Upshift работилница за социјални влијанија во Струга. Натпреварот е организиран од UNICEF, CEEDHUB, Фонд на иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука. Нашиот тим на натрепреварот го престави својот иновативен производ „РИНГОБИТ“, едукативно помагало за учење на основни матемитички вештини кај децата со посебни образовни потреби и е награден со финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартува својата идеја. UnicaSpera pродолжува да работи со ментор во наредните 3 месеци и добиваат можност сами да придонесат за позитивна промена во општеството.

UPSHIFT е програма за социјално претприемништво развиена од страна на УНИЦЕФ, во рамкките на која преку решавање на одредени социјални проблеми и предизвици им се овозможува на младите да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Преку оваа програма, младите се поттикнати да препознаваат предизвици од нивната блиска средина и да понудат иновативни решенија во вид на производи или услуги. Во самиот процес на развивање на идеите, со поддршка на менторите и со примена на современи алатки, се потикнува иновативно размислување и развој на претприемнички вештини.

Со учеството во програмата учениците :

•стекнуваат нови вештини и знаења;

• придонесуваат да се реши проблем во заедницата, а и пошироко;

• учат како да ја дизајнираат, развиваат и спроведуваат нивната идеја; се дружат и стекнуваат нови пријателства.

Прочитано 601 пати Последен пат изменето на Вторник, 26 Март 2019 16:29

Галерија