Конкурс за запишување на ученици во I-ва година во учебната 2019/2020година

Објавено во НОВОСТИ
Понеделник, 09 Мај 2016 20:45
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

 

ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“

Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на

македонски јазик според наставните планови и програми за:

Економско - правна и трговска струка - 170 ученици, 5 паралелки

- економски техничар мак 68 уч. 2 пар.     4 г.тр. 60 минимум поени
- бизнис администратор мак 34 уч. 1 пар.    4 г.тр. 60 минимум поени
- правен техничар мак 34 уч. 1 пар.    4 г.тр. 60 минимум поени
- продавач - референт за продажни услуги/асистент деловен администратор мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

.

Условите за запишување на учениците се:

-    да имаат завршено основно образование;

-    да не се постари од 17 години;

-    да се определиле за план и програма за стручно образование и обука; ;

                 - да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

-       пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

-       оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

-       дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

-       извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавувања во месец јули.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

    среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

    среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

    дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

    средна вредност од поени добиени за поведение.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

VI. ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРНИ ОГЛАСИ

Јавните средни училишта интерните огласи ги објавуваат на јавно место во училиштето најдоцна до 19 април 2019 година, во рамките на вкупниот број на ученици и паралелки утврдени со овој Конкурс

Прочитано 1643 пати Последен пат изменето на Среда, 03 Април 2019 14:43

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 34 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com