Лидер на струка 2015

Објавено во НОВОСТИ
Вторник, 01 Декември 2015 23:18
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Проектот Лидер на струка својата мисија ја остварува, особено преку:

-обезбедување на квалитет на средното образование и постојано следење и евалуација на резултатите на учениците, наставниците и училиштата;

-задоволување на зголемените барања на економијата во поглед на оспособување  на кадрите за стекнување на нови компетенции (знаење, вештини, способности);

-квалитетно поврзување на образованието и пазарот на трудот и создавање на пофлексибилни врски;

-натамошно усвојување и иновирање на стандардите на занимањата и на образовните програми;

-воведување на нови образовни програми;

-задоволување на рамнотежата помеѓу општото и стручното образование;

-обезбедување услови за стекнување дипломи и сертификати за квалификации усогласени со европските стандарди;

-развој  на систем на стандарди на занимања, образовни стандарди, стандарди за институции и наставници;

-реализација и усогласување на мрежата на средните стручни училишта со потребите на стопанството, пазарот на трудот и политиката на вработувањето;


Активно учество земаа и учениците од нашето училиште од профилот економски техничар и деловен секретар. Овој проект се одвиваше во две фази на ниво на училиште и на државно ниво.

На ниво на училиште од профилот економски техничар од вкупно 12 пријавени ученици го помина првото ниво ученичката Армина Бајрами а од профилот деловен секретар од пријавени 7 го помина две ученички,Мартина Додева и Бојана Костовска.

На ден 30.11.2015 се одржа државен натпревар.

Домаќин училиште СОУ “Јосиф Јосифовски” –Гевгелија

На овој натпревар учениците со нивните ментари Тодорка Маџарова и Ангелина Мачавелова постигна одлични резлутати. Од профилот деловен секретар ученичката Мартина Додеваго освои I место и со тоа се здоби со титулата Лидер на струка, додека ученичката Бојана Костовска се здоби со II место.

 

Прочитано 1020 пати Последен пат изменето на Вторник, 01 Декември 2015 23:21

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 129 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: [email protected]

JSN Solid is designed by JoomlaShine.com