kavadarciЗа првпат во земјава се организираше натпревар од кој треба да се добие најдобриот, најталентиран ученик или лидер на струка од економско-правната и трговска струка. Се натпреваруваа ученици од 8 училишта во земјава. Своите знаења ги покажаа учениците од Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Охрид и Струга.

Од центарот за развој на стручното образование им посакаа успех на учесниците во натпреварот и нагласија дека на овој начин ќе се избере најдобриот во струката.

„Проектот жлидер во струкаж е дел од програмата за работа на владата 2014-2018, а се организира од страна на МОН и Центарот за стручно образование и обука кој е задолжен за развој и унапредување на стручното образование. Економско правната и трговска струка е една од најатрактивните струки во стручното боразование. Се реализира првиот избро на лидер во струката, односно најдобриуот ученик ке се здобие со титула лидер во економско правна и трговкса струка. Учесници се учениците кои се најдобро рангирани на училишните натпревари, кои се реазлизираа во претходните фази и се всушност од трите профили во економско правна и трговска струка - економски техничар, правен техничар и деловен секретар. Целта е учениците да ги покажат своите знаења, вештини, способности, да се оценат и вреднуваат и рангираат нивните компетенции. Најдобрите, најталентрианите во трите области ќе се стекнат со титула жлидер во струкатаж, а воедно и нивниот ментор ќе биде награден со соодветно признание” рече Елизабета Јовановска-Радановиќ советник во економско правно трговска струка во Центар за развој на стручно образование.

Натпреварувачите од ОСУ „Јовче Тесличков” од Велес на државниот натпревар „Лидер” во организација на МОН и ЦСОО, го освоија првото и второто место во категорија Лидер на профилот Деловен секретар.

 

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: [email protected]

JSN Solid is designed by JoomlaShine.com