Кодексот на однесување на родителите преставува збир на позначајни начела и принципи кон кои треба да се придржуваат и истовремено да ги почитуваат родителите чии деца се ученици на ОСУ ."Јовче Тесличков"-Велес. Примената на Кодексот на однесување на родители е со цел да се даде позитивен пример на учениците.
ОСНОВНИ НАЧЕЛА И ПРИНЦИПИ
- Да го почитуваат куќниот ред и законските одредби на училиштето;
- Со своето однесување да даваат позитивен пример на своите деца- ученици;
- При посетите во училиште да го почитуваат кодексот за пристојно облекување;
- Да ја почитуваат хиерархијата во училиштето.
СОРАБОТКА НА РОДИТЕЛИТЕ СО НАСТАВНИЦИТЕ
- Да соработуваат и активно да учествуваат во решавање на проблемите со учениците и паралелката
- Да го подржуваат учењето на своите деца-ученици преку залагање за фер оценување;
- Да се воздржат од активности кои неоправдано би го довеле нивното дете - ученик во повластена положба при оценувањето во однос другите ученици;
- Да ги почитуваат професионалните одлуки и совети на наставниците поврзани со нивните деца
- Да го почитуваат работното време да наставниците
- Да го почитуваат почетокот и крајот на часот и да не влегуваат на час;
- Пристојно и со почит да се однесуваат кон наставниците и да негуваат коректен однос со нив;
- Средбите со наставниците да ги реализираат во рамките на приемните и отворените денови;
- Да не влегуваат во училницата ниту пред почеток на часовите, ниту по завршување на часовите;
- Да не се злоупотребуваат пријателските и роднински врски при процесот на однесување во целокупниот наставен процес;
- Редовно и навремено да одговараат на повикот од наставниците или стручната служба на училиштето;
- Предлагаат мерки за унапредување на воспитно образовниот процес во училиштето;
- Навремено да го оправдуваат отсуството на своите деца - ученици;
-Да не ја злоупотребуваат соработката со наставниците за подобар успех на своето дете-ученик;
- Ако се во можност да спонзорираат, но да не очекуваат повластена положба за нивните деца - ученици при оценувањето;
- Кај своите деца-ученици да ги препознаваат и попречуваат евентуалните обиди со недозволени постапки да добијат поповолни оценки од објективно утврдените;
- Да не ги споредуваат резултатите и постигнувањата на сопственото дете ученик со неговите соученици.
РОДИТЕЛСКИ СРЕДБИ
- Редовно и задолжително присуство на родителските средби;
- Почитување на времето и дневниот ред на родителските средби;
- Земање на активно учество во дискусиите со конструктивни мислења и предлози, како и почитување и уважување на мислењата на останатите родители;
- Почитување и примена на одлуките донесени на советот на родители;
- Почитување на време траењето на родителската средба, да не се напушта пред нејзино завршување.
ОСТАНАТО
- Навремено подмирување на финансиските обврски кон училиштето (исхрана,списанија,екскурзии и др.);
- Земање на активно учество и вклучување во хуманитарните и добротворни акции спроведени од страна на училиштето;
- Вклучување во училишните активности и работилници;
- Придонес за зголемена безбедност на учениците во училиштето и неговата непосредна околина;
- При застанување или паркирање на своето возило да не ги попречуваат - блокираат влезовите на училиштето;
- Воздржување од коментари (позитивни и негативни) пред детето - ученикот за наставникот и за останатите служби во училиштето (педагог, психолог, директор).
Директор
М-р Нада Јованова
ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.
Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: [email protected]