Согласно со чл.6 од Правилникот за изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта (07 - 9992/3 од 05. 06. 2014) содржи:

  1. 1.Воспитно образовни цели
  1. Задачи
  2. Содржина на активностите
  3. Раководител на екскурзијата, наставниците и учениците
  4. Времетраење
  5. Локациите за посета и правците на патување
  6. Техничка организација
  7. Начин на финансирање

 

  1. 1.Воспитно образовни цели

Цел на изведувањето на завршната екскурзија за трета година во учебната 2018 -2019 година е да се реализираат активности за запознавање на културни и естетски вредности од областа на културата, кои претставуваат посебна форма на воспитно-образовна работа со која на организиран начин се пришируваат општите и стручните знаења на учениците и се запознаваат со природните убавини и културно - историските знаменитости во поблиската и пошироката заедница.

Во согласност со правилникот за изведување на завршната екскурзија во средното образование според член 3 ќе опфаќа активности за постигање на интегрирани цели од повеќе наставни програми што се од интерес на струката, проектните активности и слободните часови на училиштето како и за запознавање на културните и естетски вредности на други држави.

  1. 2.Задача на училишната екскурзија ќе биде
  • Развивање позитивен однос кон интернационалните, уметничките, научните и општокултурни ведности на посетените места
  • Запознавање на различни култури и знаменитости во други земји
  • Развивање интерес и грижа за природата и практикување на еколошки навики
  • Запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви
  • Развивање чуство за космополитизам, толеранција и соживот
  • Формирање на позитивен однос на интернационалните, културните и естетски вредности
  • Поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и поддршка, солидарност и подобро взаемно запознавање
  • Формирање на демократски ставови,социјализација, колективна заштита и стекнување на нови сознанија и искуства

  1. 3.Содржина на активностите: патен правец, предели, подрачја, објекти што ќе се

посетат:

1 ДЕН

Велес – Дубровник

Состанок на групата на паркинг од пред Туш - маркетот во 16-17 часот. Заминување кон Дубровник преку граничен премин Блаце со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ДЕН

Дубровник - Сплит - Трогир

Пристигнување во утринските часови во Дубровник .Разглед на градот ,слободно време за прошетка низ стариот град, тврдините, чаршијата и Онфориевата чешма. Се продолжува кон Сплит со посета на сплитскиот брег , Диоклицијанова палата и пристигнување во Трогир и прошетка на кулата Камерленго, палатата Чипико, градската врата, кежевиот двор, Трогирската рива, катедралата св.Ловре, градски музеј, музеј на Сакрални уметности и дрвото на љубовта. Сместување во хотел со вечера.

3 ДЕН

Трогир- Опатија-Лидо ДиЈесоло

Појадок во Трогир и заминување кон Опатија.Посета на вила Анголина, парк Анголина Шеталиште Лунгомаре Девојка за галебом.Пристигнување во Лидо Ди Јесоло. Вечера.

 

4 ДЕН

Лидо Ди Јесоло-Верона- Лидо Ди Јесоло

Појадок. Посета на Верона - градот на Ромео и Јулија/ езерото Лаго ди Гарда: започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина.. Враќање во Лидо ди Јесоло. Вечера. Диско. Ноќевање.

5 ДЕН

Венеција - Лидо Ди Јесоло - Љубљана - Белград Скопје

Појадок во Лидо Ди Јесоло Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во утринските часови. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање со бродот до Пунта Сабиони .Лидо ди Јесоло - Љубљана вечерна прошетка –

6ДЕН

утринска прошетка Белград. Враќање Скопје вечерните часови

  1. 4.Раководител на екскурзијата, наставниците и учениците

Во екскурзијата ќе бидат вклучени заинтересираните ученици и класните раководители на трета година: , а како раководител на екскурзијата ќе биде наставникот Каролина Манаскова

  1. 5.Времетраење

Шест дена со три ноќевања.

  1. 6.Локациите за посета и правците на патување

Според содржината на активностите се определени правците на патувањето и локациите за посета.

  1. 7.Техничка организација

Високо квалитетни, климатизирани безбедни патнички автобуси, добри услови за патување, туристички водич и лекар.

Одредиштата се избрани според интересот на учениците и родителите (во прилог анкета);

Во организацијата и реализацијата ќе посредува избраната туристичка агенција.

8.Начин на финансирање

Трошоците на патувањето ги сносат родителите / старателите на учениците.

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 13 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com