Согласно со чл.6 од Правилникот за изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта (07 - 9992/3 од 05. 06. 2014) содржи:
Цел на изведувањето на стручно-истражувачката екскурзија за втора година во учебната 2018 - 2019 година е да се реализираат посети и други активности од областа на културата, туризмот кои претставуваат посебна форма на воспитно-образовна работа со која на организиран начин се пришируваат општите и стручните знаења на учениците и се запознаваат со природните убавини и културно- историските знаменитости во поблиската и пошироката заедница.
Во согласност со правилникот за изведување на стручно-истражувачка екскурзија во средното образование според член 3 ќе опфаќа активности за постигање на интегрирани цели од повеќе наставни програми што се од интерес на струката, проектните активности и слободните часови на училиштето како и за запознавање на културните и естетски вредности во Република Македонија или во други држави како алтернатива.
2.Задача на училишната екскурзија
1 ДЕН
Велес – Маврово – Вевчани – Струга - Охрид
Поаѓање во 7.30-8.00 кон Радовиш, посета и разглед на Св. Јован Бигорски. Потоа упатување кон Вевчани, со посета и двочасовен разглед на местото Вевчани. Упатување кон Охрид и сместување во хотел со 3*** ѕвезди. Вечера и слободна време, посета на диско
2 ДЕН
Охрид – Битола - Велес
Појадок. Разглед на знаменитостите на градот Охрид: Св Канео, Св. Софија, Цркавата Плаошник и слободна прошетка низ градот. Ручек. Упатување кон Битола со двоќасовна прошетка по Широк Сокак. Во вечерните часови пристигнување во Велес.
Во екскурзијата ќе бидат вклучени заинтересираните ученици и класните раководители на втора година: , а како раководител на екскурзијата ќе биде наставникот Филип Миланов
Два дена со едно ноќевање
Според содржината на активностите се определени правците на патувањето и локациите за посета.
Високо квалитетни, климатизирани безбедни патнички автобуси, добри услови за патување, локален туристички водич и лекар.
Одредиштата се избрани според интересот на учениците и родителите
Во организацијата и реализацијата ќе посредува избраната туристичка агенција.
8. Начин на финанасирање
Трошоците на патувањето ги сносат родителите / старателите на учениците.
ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.
Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com