Согласно со чл.6 од Правилникот за изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта (07 - 9992/3 од 05. 06. 2014) содржи:

  1. Воспитно образовни цели
  2. Задачи
  3. Содржина на активностите
  4. Раководител на екскурзијата, наставниците и учениците
  5. Времетраење
  6. Локациите за посета и правците на патување
  7. Техничка организација
  8. Начин на финанасирање

1. Воспитно образовни цели

Цел на изведувањето на стручно-истражувачката екскурзија за прва година во учебната 2018 - 2019 година е да се реализираат посети и други активности од областа на културата, туризмот кои претставуваат посебна форма на воспитно-образовна работа со која на организиран начин се пришируваат општите и стручните знаења на учениците и се запознаваат со природните убавини и културно- историските знаменитости во поблиската и пошироката заедница.

Во согласност со правилникот за изведување на стручно-истражувачка екскурзија во средното образование според член 3 ќе опфаќа активности за постигање на интегрирани цели од повеќе наставни програми што се од интерес на струката, проектните активности и слободните часови на училиштето како и за запознавање на културните и естетски вредности во Република Македонија.

2.Задача на училишната екскурзија

  • Развивање позитивен однос кон националните, уметничките, научните и општокултурни ведности во Република Македонија
  • Запознавање на различни култури и знаменитости
  • Развивање интерес и грижа за природата и практикување на еколошки навики
  • Запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви
  • Развивање чуство за патриотизам, толеранција и соживот
  • Формирање на позитивен однос на националните интернационалните, културните и естетски вредности
  • Поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и поддршка, солидарност и подобро взаемно запознавање
  • Формирање на демократски ставови, социјализација, колективна заштита и стекнување на нови сознанија и искуства

3. Содржина на активностите

1 ДЕН

          

Велес – Радовиш – Водоча – Струмица – Смоларски Водопади - Велес

Поаѓање во 7.30-8.00 кон Маврово, посета и разглед на Манастирот Св. Тројца – соборна црква во Радовиш. Потоа упатување кон Водоча каде се наоѓа манастирскиот комплекс Св. Леонтиј или Водочки манастир. Понатаму се продолжува кон Струмица, разглед и посета на градот и ручек. Посета и разглед на Смоларксите Водопади. Во вечерните часови пристигнување во Велес.

.

4. Раководител на екскурзијата, наставниците и учениците

Во екскурзијата ќе бидат вклучени заинтересираните ученици и класните раководители на прва година  а како раководител на екскурзијата ќе биде наставникот Миланова Македонка

5. Времетраење

Еднодневна

6. Локациите за посета и правците на патување

Според содржината на активностите се определени правците на патувањето и локациите за посета.

7. Техничка организација

Високо квалитетни, климатизирани безбедни патнички автобуси, добри услови за патување, локален туристички водич.

Oдредиштата се избрани според интересот на учениците и родителите (во прилог анкета);

Во организацијата и реализацијата ќе посредува избраната туристичка агенција.

8. Начин на финанасирање

Трошоците на патувањето ги сносат родителите / старателите на учениците

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 16 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com