disp.studiiВо зградата на ОСУ „Јовче Тесличков“ започна академска година за студентите на прва година на дисперзираните студии на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје. На првата генерација бруцоши што ќе следат студии по сметководство и ревизија по нова програма, им се обрати Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров кој не го криеше задоволството од проширувањето на студиите во Велес и од се поголемата бројка студенти, што е сигурен пат кон остварување на целта Велес да прерасне во развиен студентски центар.

Деканот на Економскиот факултет проф.д-р Љубомир Дракуловски им ги врачи индексите на првите студенти на дисперзираните студии и им посака многу успех во трката по знаење. Тој им порача дека наставниците ќе се обидат своето знаење и умеење да  го пренесат на студентите , да создадат достоен кадар кој ќе излезе од овие клупи.  А учењето по нова Програма подразбира студентите да го студираат она што им е потребно и во нивни  интерес и при тоа истакна: „Учете го тоа што сакате и така подготвени излезете на пазарот на трудот“.

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com