ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Образува економисти со висок квалитет

Училиштето почнува да егзистира и образува кадри од 1960 год. Во зградата во која се наоѓала првата велешка гимназија.Од учебната 1956-57 год до 31.08.1960 година училиштето работеше во склоп на гимназијата ”Кочо Рацин” како економска паралелка при гимназијата, а од 01.09.1960 год се издвои како самостојно училиште со решение на народниот одбор на титовелешката околија бр.01-7269 од 14.09.1960 год кое гласи економско училиште ”Јовче Тесличков” - Велес. Од 0963-64 год работи во зградата на старата гимназија заедно со ЦОУ “Благој Ќирков”. Зградата во која работи училиштето е реновирана последен пат во 1974 година.

Од март 1975 год. Училиштето работи во реновирана зграда со ЦОУ ”Благој Ќирков”во две смени.

Од учебната 2006/2007 година училиштето е преместено на нова локација во зградата на основното училиште Трајко Андреев.

Во првата учебна година од самотојно училиште 1960-1961 запишани се вкупно 228 редовни ученици распоредени во 7 паралелки.Од година во година расте бројот на паралелките и учениците во училиштето .Воспитно образовната работа била отсекогаш најважна задача.

Првиот совет (училишен одбор) е формиран во 1960 год а за негов прецедател е избран Попов Димче-вработен во народниот одбор.Овој училишен преминува во работна заедница во 1964 год а во 1978 год Совет на училиштето.

Од 1984 Економското училиште Јовче Тесличков се вклопи на новата концепција за насочено образование и го смени името во Училиште за средно образование со тровска и економска струка.

Од учебната 2005/2006 во ова училиште се остручуваат кадри од економско правна и трговска струка, поделена на три профила: економски техничар,деловен секретар,банкарски техничар.

Во ОСУ Јовче Тесличков се образувале (едуцирале), се образуваат и ќе се образуваат ученици, потенцијални кадри за градот и Република Македонија. Може да се каже дека значителен економски кадровски,политички,научен и друг потенцијал завршил во ова училиште што е резултат на сите вработени во него.Нашето училиште “Јовче Тесличков” е општинско средно училиште од Велес, Република Македонија кое неодамна ја прослави својaта 50-годишнина од постоењето преку промовирање на образованието, од економско, правна и трговска струка. Наставниот кадар се состои од околу 40 професори а во училиштето се образуваат 600 ученици годишно.

 

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com