direktorОливера Коцевска

Со квалитетот во воспитно –образовната работа ОСУ „Јовче  Тесличков“ се вклопува во визијата на Р. Македонија за  задоволување на европски образовни стандарди. Нашата  мисија е да бидеме институција која поучува во позитивна  насока и ги задоволува потребите на учениците за стекнување  на општи и стручни компетенции со користење на различни  методи и облици на работа, стилови на учење и поучување.  

Нашата цел е подобрување на условите за теоретска и  практична настава со користење на современа опрема и  оптимално користење на наставна техника и технологија во  функционален простор – кабинети, со што би обезбедиле у  слови за успех на секој ученик. Исто така се трудиме да имаме  отворено комуницирање помеѓу сите субјекти, да ги мотивираме и активно вклучиме учениците, родителите и  локалната заедница во активности на училиштето за заедничко решавање на проблемите.

Нудиме образовни  курикулуми со различни вонучилишни, воннаставни,  дополнителни и додатни активности, изборни предмети, како и други воспитно – образовни активности, програми и проекти во согласност со македонските образовни стандарди во стручното образование.

Со нив ги поттикнуваме учениците, активно ги вклучуваме во сите процеси на работа во училиштето и ги оспособуваме за понатамошна работа и образование. На тој начин сметаме дека уште поуспешно ќе делуваме на оспособување на младите луѓе и превентивно ќе делуваме на општествено неприфатливи облици на однесување.

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com