Нашето училиште “Јовче Тесличков” е општинско средно училиште од Велес, Република Македонија кое неодамна ја прослави својота 50-годишнината од постоењето преку промовирање на образованието, од економско, правна и трговска струка. Наставниот кадар се состои од околу 40 професори а во училиштето се образуваат 600 ученици годишно.

Денес ОСУ „Јовче Тесличков“ претставува современо, креативно, ефикасно и ефективно училиште, чие име се поврзува со многубројни епитети, училиште кое може да се пофали со одлична соработка како со пошироката бизнис заедница, јавниот сектор и локалната самоуправа така и со отвореност за соработка во многу меѓународни проекти кои го прават дел од европскиот образовен систем.

Во училиштето наставата се изведува во 22 кабинети опремени со компјутер за секој ученик и 4 предавални , а на учениците им стојат на располагање спортска сала, надворешни спортски терени, училишна библиотека ,сендвичара, надворешен и внатрешен поливалентен простор и училишен двор.

Предавањата во училиштето се состојат од примена на современи методско – дидактички форми на настава, истражувања, дебати, анализи, анкети, посета на институции, размена на идеи и практични задачи при што учениците ги развиваа своите интелектуални способности, ги надградуваат своите знаења и умеења изградувајки се во млади личности конкурентни на пазарот на трудот или спремни за продолжување на едукацијата на високо образовните институции во земјата и странство.

Во последниве години во училиштето се користи современ начин на евиденција и комуникација по електронски пат, меѓу Министерството за Образование и Наука, училиштето и родителите, наречен е-дневник.

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com