59936676_1559940520802810_7606145081283706880_n.jpg

Најнови информации

  • Петок, 13 Декември 2019

    Лидер

    На 10.12.2019 во СЕПУГС,,Васил Антевски -Дрен"Скопје,се одржа натпревар,,Лидер на струка 2019,,на државно ниво.Ученичката Тина Божинова го освои првото место и е лидер на струка образовен профил Деловен секретар под менторство на проф.Тодорка Маџарова.Учениците Натали Димонова, Алма Исљамовска, Кристијан Пановски и Магдалена Ѓорѓиева земаа учество и постигнаа солидни резултати.Честитки за Тина Божинова и за останатите ученици и нивните ментори!

  • Недела, 01 Декември 2019

    Камп на иновации

    На 26 ноември 2019 година се одржа Кампот на иновации – натпревар на средношколци во претприемачки вештини во организација на Џуниор ачивмент Македонија во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

    На натпреварот учествуваа 13 средни училишта и се натпреварува 52 средношколци со поддршка од 13 ментори наставници од Велес, Тетово, Македонски Брод, Кочани, Свети Николе, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Скопје.

    Во текот на натпреварот учениците работеа во тимови, со пристап до интернет и технологија искористувајќи го своето знаење и применувајќи претприемачки вештини, а со цел да најдат иновативни одговори за зададениот предизвик.

    Нашето училиште го претставуваа учениците:

  • Вторник, 26 Ноември 2019

    Дабар

    „Дабар“ е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта , кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот.
    Во ОСУ,,Јовче Тесличков,,натпреварот се одржа од 11.11.2019 год. до 15.11.2019 год под менторство на професорот по информатика Антонио Пановски .На истиотземаа учество 34 ученици,а најдобри резултати постигнаа Кочова Кристина од IVг со 80 поени,Кристијан Пановски od IVa, Атанасовски Јован - IIв и Мартин Дончев Iв со по 70 поени.На сите учесници денес им беа доделени сертификати.
    Честитки за постигнатите солидни резултати и успех понатаму!

  • Сабота, 02 Ноември 2019

    Патрон

    На 29.10.2019 г. во салата„Бели мугри“се одржа културно уметничка програма со која се одбележа патрониот празник на нашето училиште.Во улога на водител беше ученичката Тина Божинова,со етно балетска точка настапи ученичката Кристина Кочова.Следуваше драмската претстава„Дипломоронец“на текст на Татјана Алексиќ,преработка на текст и сценарио на Жаклина И.Зафирчева.Оваа комедија која наиде на добар прием кај посетителите, ја донесоа на сцена учениците од нашето драмско студио:Тина Божинова,Мартин Мазнев,Антонио Алексовски,Јован Атанасовски,Стефанија Ѓуриќ,Стојанка Ќупчева,Дамјан Милошевски,Пале Наковска,Мери Димитриевска и Ненад Нацев,под менторство на проф.Жаклина И.Зафирчева и Елизабета Циунова.Голема благодарност до сите!

  • Понеделник, 28 Октомври 2019

    Патронен празник

    ОСУ,,Јовче Тесличков,,Велес го прославува својот Патронен празник.Делегација на училиштето положи свежо цвеќе на Спомен костурница на патронот Јовче Тесличков.Дел од активностите беше одржаната трибина на тема,,Трговија и комерцијално работење,,што ја одржа г-дин Зоран Страхилов,комерцијален референт во,,Брако,, Велес и поранешен наш ученик.На трибината учествуваа наши ученици и професори и истата побуди голем интерес кај учениците кои поставуваа прашања од темата.

    Во училиштето успешно се организира крводарителска акција спроведена од ,,Црвениот крст,,.Истата предизвика голем интерес кај учениците и вработените,кои несебично дарувајќи крв,ја покажаа својата хуманост на дело

    По повод патрониот празник на училиштето, се одржаа спортски натпревари.Во фудбал меѓукласни натпревари,а во баскет меѓу училишни натпревари со ученици од ССОУ,,Димитрија Чуповски,,Организатори на спортските активности беа професорите по спорт Ангел Љутков и Златко Гуцев

 

                                   

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 8 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com