Согласно со чл.6 од Правилникот за изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта (07 - 9992/3 од 05. 06. 2014) содржи:
1. Воспитно образовни цели
Цел на изведувањето на стручно-истражувачката екскурзија за прва година во учебната 2018 - 2019 година е да се реализираат посети и други активности од областа на културата, туризмот кои претставуваат посебна форма на воспитно-образовна работа со која на организиран начин се пришируваат општите и стручните знаења на учениците и се запознаваат со природните убавини и културно- историските знаменитости во поблиската и пошироката заедница.
Во согласност со правилникот за изведување на стручно-истражувачка екскурзија во средното образование според член 3 ќе опфаќа активности за постигање на интегрирани цели од повеќе наставни програми што се од интерес на струката, проектните активности и слободните часови на училиштето како и за запознавање на културните и естетски вредности во Република Македонија.
2.Задача на училишната екскурзија
3. Содржина на активностите
1 ДЕН
Велес – Радовиш – Водоча – Струмица – Смоларски Водопади - Велес
Поаѓање во 7.30-8.00 кон Маврово, посета и разглед на Манастирот Св. Тројца – соборна црква во Радовиш. Потоа упатување кон Водоча каде се наоѓа манастирскиот комплекс Св. Леонтиј или Водочки манастир. Понатаму се продолжува кон Струмица, разглед и посета на градот и ручек. Посета и разглед на Смоларксите Водопади. Во вечерните часови пристигнување во Велес.
.
4. Раководител на екскурзијата, наставниците и учениците
Во екскурзијата ќе бидат вклучени заинтересираните ученици и класните раководители на прва година а како раководител на екскурзијата ќе биде наставникот Миланова Македонка
5. Времетраење
Еднодневна
6. Локациите за посета и правците на патување
Според содржината на активностите се определени правците на патувањето и локациите за посета.
7. Техничка организација
Високо квалитетни, климатизирани безбедни патнички автобуси, добри услови за патување, локален туристички водич.
Oдредиштата се избрани според интересот на учениците и родителите (во прилог анкета);
Во организацијата и реализацијата ќе посредува избраната туристичка агенција.
8. Начин на финанасирање
Трошоците на патувањето ги сносат родителите / старателите на учениците
ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.
Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: [email protected]