slide001.jpg

Најнови информации

  • Понеделник, 20 Мај 2019

    Саем на бизнис и претприемништво

    На 14-ти мај,вторник,во ОСУ„Јовче Тесличков“се одржа традиционалниот Саем на бизнис и претприемништво.Тоа беше воедно и Отворен ден на училиштето,на кој присуствуваа деветтооделенците од Велес и соседните општини Чашка,Градско,Лозово и други.Тие ги посетија штандовите од нашите училишни компании,ЕКО и МИО штандот,а активно учествуваа и во неколкуте работилници за Деловен англиски јазик,Дигитален маркетинг,Маркетинг агенцијата.Ја проследија и свечената програма,а најголем интерес кај нив предизвика симулираната судница каде проследија,,судски случај,,што го подготвија учениците од правниот смер.Им благодариме на сите наши професори и ученици кои успешно го реализира Саемот,им благодариме на основните училишта за соработката и на полуматурантите кои беа наши гости.Веруваме дека кај голем дел од нив оваа посета беше пресудна за да го направат својот вистински избор на средно образоваие!ОСУ„Јовче Тесличков“Ве очекува,идни правници,претприемачи,трговци,бизнис администратори!!!

    Видео рекламата можете да ја видете тука...

  • Понеделник, 15 Април 2019

    МАССУМ

    На 12 и 13 Април 2019 година СОУ „Мирко Милески“ од Кичево беше домаќин на Образовно рандеву (МАССУМ) 2019 година, во организација на Младинската Асоцијација на средни стручни училишта во Македонија. Во двата дена учениците од стручните училишта се натпреваруваа во повеќе категории, преку кои ги презентираа своите вештини во комуникација, тимска работа, напредно лидерство, организирање на активности, како и подигнување на свеста за глобалното значење на демократијата и нејзин придонес во општеството.

  • Понеделник, 25 Март 2019

    Upshift работилница

    Тимот на UnicaSpera од ОСУ,,Јовче Тесличков,,Велес повторно победник! Составен од учениците Мартина Стојкова, Аријан Амзи, Сара Ѓорѓиевска, Анастасија Андовска, Симона Андовска и професор Радмила Андовска, учествуваше на 3- дневна Upshift работилница за социјални влијанија во Струга. Натпреварот е организиран од UNICEF, CEEDHUB, Фонд на иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука. Нашиот тим на натрепреварот го престави својот иновативен производ „РИНГОБИТ“, едукативно помагало за учење на основни матемитички вештини кај децата со посебни образовни потреби и е награден со финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартува својата идеја. UnicaSpera pродолжува да работи со ментор во наредните 3 месеци и добиваат можност сами да придонесат за позитивна промена во општеството.

  • Среда, 20 Февруари 2019

    Љубовна чајанка

    Традиционалната манифестација „Љубовна чајанка“ и годинава се одржа во нашето училиште на ден 18.02.2019 година.

    Во чест на љубовта нашите ученици рецитираа стихови на различни јазици во кои беше претставена љубовта меѓу Татјана и Онегин,меѓу Жозефина и Наполеон ,како и поеми од Шекспир и Бајрон .

    Беа доделени и наградите од литературниот конкурс распишан за деветтодделенците на тема „Се што ни треба е љубов“.Учениците можеа да пишуваат творби на македонски, англиски, германски, француски и руски јазик.

    На нашите ученици им благодариме за учеството, на учениците од деветтите одделенија и нивните ментори за учеството на конкурсот и посетата на манифестацијата!

  • Петок, 04 Јануари 2019

    Интеркултурна размена во Троген

    Осум ученици од ОСУ„Јовче Тесличков“заедно со професорот Љубенчо Ристов,во периодот од 5-19 декември,2018,учествуваа во интеркултурна размена во Троген, Швајцарија, во организација на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation).

    За време на размената преку интензивна и интерактивна обука учесниците имаа можност да ги надоградат своите знаења првенствено во областа на антидискриминација, но и детски права и интеркултурна комуникација. Групата од Македонија имаше можност да разменува искуства со врсници од Молдавија.

    Покрај секојдневните интерактивни активности, учениците имаа можност да посетат и повеќе знаменитости од преубавата Швајцарија како Цирих ,Луцерн,Сент Гален, природно-научниот музеј и врвот Сантис на Алпите.

 

                                   

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 20 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com